Де Ниро веројатно немаше да биде она што е денес, ако не беше неговата улога во култниот „Таксист“ на Мартин Скорсезе. Не само што се здоби со имиџ на филмска икона, туку научи и да вози такси.
Да, навистина. Како дел од подготовките за улогата, Де Ниро си зел за задача да набави такси-лиценца и да помине неколку викенди како таксист. Речено – сторено. Кружи приказна и дека некој од патниците го препознал актерот, па лукаво забележал:
„Така ти е тоа во актерството. Една година добиваш Оскар, а следната завршуваш како таксист“.
Лиценцата е истечена во мај, 1976-та и сега стои во Harry Ransom Center во Тексас. Кој знае, како што тргнал овој тренд на снимање на продолженија, можеби еден ден Де Ниро ќе мора да ја обнови.
„ -Такси!
– Мене ми збориш?“