Разигран дедо ги засени останатите гости на свадбата (Видео)

Кога ќе му ја погодат песната, овој супер дедо не може ништо да го сопре, па дури ниту штаките.

Гостите на свадбата беа пријатно изненадени кога овој симпатичен старец понесен од ритамот ги фрли штаките и започна лудо да танцува.Со своите танцувачки способности, тој успеа да шармира не една, туку две постари госпоѓи кои му се приклучија во играњето.

Овој дедо е вистински доказ дека годините можат да бидат само безначајни бројки, доколку вашиот дух се чувствува младо.

- Реклама -