Тостер прави селфи врз лепчиња

Модата со селфињата се пренесе и во кујната, каде што портретите  се прават не со мобилен телефон, туку со помош на паметен тостер. Така веќе секој ќе може да го  изеде сопственото лице или пак она  на својот сакан за појадок.

За целта љубителите на оваа иновација  треба да испратат своја слика на компанијата производител во американската сојузна држава Вермонт и по една недела ќе добијат апарат прилагоден  да пече тост лепчиња со добро препознатливи слики.

Компанијата ветува дека ако клиентот не се препознае на тост – лепчето, може да го вратите тостерот и да си ги земете парите назад.

- Реклама -