Започна прилепскиот Пивофест – вечерва „Хладно пиво“

Во Прилеп вчера започна 12-тиот Пивофест, откако манифестацијата ја отворија францускиот бенд Joke и Даниел Кајмакоски.

На овогодинешното издание поставени се вкупно 32 штандови, а Скопска пивара го одбележа 90-тиот јубилеј од постоењето, со подготовка на гигантска плескавица од 90 килограми.

На втората вечер се очекуваат настапите на  Тијана и Тамара, Игор Џамбазов и Guru Hare Band, Владо Јаневски и одличините Hladno Pivo.

Програмата на фестивалот можете да ја видите ТУКА.

- Реклама -