Викендов искачување на Титов Врв

На 2. и 3. јуни 2012 година, во организација на планинарскиот Клуб „Љуботен“ , ќе се одржи 31-то традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина, “Титов Врв 2012”.

Планинарската манифестација на едно место ги обединува планинарите и планинарските друштва од Македонија и цела Европа, кои имаат ист освојувачки поход: да се искачат на Титов Врв, кој е на височина од 2747 метри.

Планинарскиот клуб „Љуботен“ е најстариот активен планинарски клуб во Македонија, кој постои уште од 1925 година и е организатор на голем број манифестации на Шара, меѓу кои најзначајната е искачувањето на највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв. Во текот на изминатите триесет организирани искачувања на Титов Врв се искачиле над 18.450 планинари.

Планинарските друштва во сабота, 2 јуни 2012 година , ќе пристигнат на Попова Шапка. Во недела наутро, долгата планинарска колона ќе се упати кон Титов Врв. Пешачењето до највисокиот врв на Шара ќе трае околу 4 часа. По кратката пауза, планинарите ќе се вратат кон Попова Шапка, со што манифестацијата официјално ќе биде затворена.

Поканети се бројни планинарски друштва и планинарски федерации, а оваа година се очекува Титов Врв да го искачат над 1000 планинари.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -