Сексуалните сонови и нивното значење

Луѓето честопати имаат сонови поврзани со сексот.

Иако многумина ќе ви кажат дека овие сонови симболизираат потреба за секс, има и психолози кои што ги толкуваат овие соништа малку подетално. Погледнете кои се најчестите и кое е нивното значеење.

1. Сонувате дека сте голи на работа. Овој сон е поврзан со чувство на страв. Може да симболизира ранливост на работното место, страв дека не сте компетентни за она што го работите.

Ако сте сексуално возбудени за време на сонот, сакате повеќе внимание на работното место. Можеби од некоја згодна посебна личност?

2. Меѓусебно се храните. Устата симболизира чувствителен отвор, а храната често е симбол за половиот орган. Ако во сонот вие го храните партнерот имате потреба да го задоволите. Ако сонувате дека некој вас ве храни, сакате да бидете сексуално заведени.

3. Самозадоволување. Ако се самозадоволувате во сон, се наоѓате во ситуација кога сте фокусирани на сопствената сексуалност. Ако го правите тоа пред друга личност, можеби сакате да ги споделите своите желби и потреби со партнерот.

4. Секс во домот. Чувството на пријатност, пасивност, желба и потреба кое се јавува во 4 ѕида е рефлексија на она што го чувствувате кон партнерот.

Ако сонувате секс во непозната куќа, а се појавува и страв, можеби потиснувате некои свои сексуални желби. Ако сонот е пријатен, сакате да пробате некоја сексуална авантура на непозната локација.

5. Секс во тројка. Потсвесно сакате да експериментирате во сексот. Ако постои непријатно чувство и страв, потребите на вашиот партнер во реалноста ве ставаат под притисок и тешко се носите со нив.

6. Секс со несимпатичен/на колега/колешка. Ако сонувате вакво нешто, во реалноста не е така. Не ве привлекува овој колега или колешка. Сонот е знак подобро да се запознаете со таа личност. Можеби потсвесно ве интересира нејзиниот/неговиот карактер.

- Реклама -