Заборавени вредности: Пишување со рака

Современите компјутерски графички контроли одамна ги заменија пенкалата и моливите. Обичната книгата тефтер, сепак, може да му донесат многу повеќе корист на мозокот. Еве неколку факти кои докажуваат дека да пишуваш со рака е навистина корисно.

1. Подобро запаметени информации

Во процесот на пишување се активира посебна зона во мозокот, т.н.. ретикуларен систем. Таа функционира како филтер – ја блокира обработката на страничните информации. Испишаните буквите со пенкало или молив на хартија, помагаат да се фокусираме подобро и  да го поттикнеме мозокот да биде  внимателен кон она што го  пишуваме. Вирџинија Бергингер, психолог од Универзитетот во Вашингтон ја објаснува разликата помеѓу хемиското пенкало и тастатурата: „Вие вршите повеќе движења, бидејќи секоја буква има свои елементи, а работата на компјутерот е монотона – секој пат треба едноставно да типкате по копчето.” Покрај тоа часовите со калиграфија помагаат во борбата со дисклексијата, пишува уште списанието Psychologies.

2. Подобрување на говорот

Многу познати писатели (Труман Капоте, Вуди Ален, Сузан Зонтаг) претпочитаат да ги пишуваат романите и драмите на рака, дури и кога нивните колеги веќе ја завршила работата на тастатурата. На пр. Капоте признал дека започнувајќи работа над нов роман, секогаш ги правел записите на рака и дури потоа го препишувал текстот на машина. Во 2009 г.психолозите од Универзитетот во Вашингтон утврдиле дека научниците кои ги пишувале своите есеи на рака, текстот бил богат и разновиден, тие користеле сложени изрази, па и  побрзо се препуштале на магијата од своите врсници кои пишуваат на компјутер.

3. Полесно се концентрираме

Работата на компјутерот ги оптоварува сензорите.  Трепкањето на екранот, движењето на покажувачот,  достапноста до секоја друга информација – сето тоа ја намалува способноста за креативност. Кога пред нас е белиот лист и пенкало, мозокот не добива дополнителна стимулација и се фокусира на ресурсите кон конкретната задача.

4. Го отстранува стресот

Навиката да се запишуваат преживувањата и мислите на хартија овозможува да се намали стресот. Натали Роџерс, автор на методиката на експресивна психотерапија, ги  разгледувала записите во дневниците, како важен метод за самоизразуване и будење на креативната енергија. Колку почесто пишуваме на рака – почесто ја изразуваме својата индивидуалност. Таа се изразува во форма на буквите, ракопис, распоред на текстот на страницата. „Вие цртате ситници кога зборувате на телефон и го наоѓате тоа како начин за смирување. Почнувате да  водите дневник и воспоставувате дека додека ги  пишувате преживувањата и замислите ви се менуваат. Можеби ги бележите и с вашите соништа и барате во овие записи некакви знаци и симболи. “, Вели Роџерс.

5. Мозокот останува млад подолго време

Во процесот на пишување активираме различни мозочни области поврзани со размислувањето, јазикот и работната меморија. Ако од време на време ни се наметнува да пишуваме на рака, мозокот добива дополнителен тренинг. Психолозите веќе обрнале внимание на односот помеѓу статусот на когнитивните способности и навики на пишување. „Споредувајќи стари дневници на пациенти, ракописи и нови, напечатени на тастатура, гледаме голема разлика во способноста да се формулираат мислите – раскажува невробиологот Морали Дорајсуами. Денес, кога многу луѓе работат на компјутер, тренирањето на ракописните навики, може да стане корисна вежба за чување на острината на умот. “

- Реклама -