Урбана тајна на среде пустина

Австрискиот визуелен уметник Алфредо Барсулија изградил базен во пустината Мохаве. Токму овој базен е е целта на патување кое започнува во Центарот за уметност и архитектура во Холивуд, Лос Анџелес. Туристите добиваат предизвик самите да го пронајдат, притоа им даваат клучеви и GPS координати.

Имаат на располагање 24 часа. Базенот е со димензии 3,3 на 1,5 метри.

34-годишниот Алфредо е од Виена. Тој се занимава со уметнички инсталации во различни краеви на светот. Излегува дека идејата е хит.

„Не очекував толку многу интерес”, признава самиот автор на проектот.

- Реклама -