15 работи што никој не ви ги кажал за бракот

Време е за реален разговор за „додека смртта не нè раздели“.

Бракот е прилично добра работа. Тоа значи дека сте го нашле лицето со кое сакате да го поминете остатокот од животот заедно. Но, настрана од сите непотребни совети со кои се бомбардирани невестата и младоженецот, постојат неколку вистини за бракот кои веројатно нема да ги знаете додека не стапите во брак. Па, директно од изворот- луѓето во брак- побарани се совети, вистини и животни лекции кои никој не ви ги кажува за бракот:

„Не се менува сè откако ќе стапите во брак. Ако сте во правилната врска и сте се омажиле/ожениле со вистинската личност единствената работа која треба да се промени е можеби презимето и адресата на живеење.“- Катерина А.

„Целата фраза „во добро и лошо“ ќе се пресретнете повеќе отколку што мислите, како на пример кога треба да го негувате поради лошиот мамурлук или тој треба да ви помогне во вашите ПМС напади. Тоа е трајна љубов.“- Лиле К.

„Бидете пријатели, не клонови еден на друг, и уживајте во она што и двајцата го ставате на масата.“- Марко Б.

„Бракот не е досаден. Вие ќе бидете постојано изненадени од тоа колку вашиот сопруг ќе ве изненади со нова приказна, некој „најдобар пријател“ за кого никогаш не сте чуле, и некој далечен роднина чие име никогаш не го спомнал.“- Марија Х.

„Нешто што никој не ми го кажа е дека со стапување во брак со мојот партнер, јас се мажам и со неговото семејство.“- Габриела Б.

„За време на кавга во доцните часови, не седете со часови обидувајќи се да најдете заеднички јазик само затоа што зборовите „Никогаш не одете во кревет лути“ се вметнати во вашата глава. Што подолго се расправате, толку повеќе станувате нервозни и едниот од вас ќе каже нешто за што ќе се кае подоцна. Само легнете и сè ќе биде појасно наутро.“- Кристина Д.

„Треба да бидете во ред ако сакате време насамо секој ден, без да бидете често заедно.“- Ненад Ј.

„Држете ја кавгата чиста и сексот валкан!“- Сара С.

„Никој не ми кажа дека ќе ми биде удобно да пуштам гасови, повраќам, дури и да извршувам физиолошки потреби околу мојот сопруг. Можеби звучи смешно, но јас навистина бев преплашена да направам било која од овие работи пред друг маж.“- Анастасија П.

„Не се сфаќајте еден со друг премногу сериозно. Тоа води кој расправање.“- Ема С.

„Треба да продолжите да се состанувате еден со друг и откако ќе стапите во брак и имате деца. Секогаш ќе биде важно да се дотерате, да излезете, да се забавувате и да се сетите зошто сте се омажиле на прво место.“- Ејми К.

„Вашата врска ќе стане дури и подобра откога ќе се омажите. Може толку многу да се забавувате заедно што може да си дадете години да уживате пред да имате деца.“- Елена Т.

„Не сфаќате колку ќе ве полудуваат неговите мали навики, како пеење наутро или свикрањето. Но, по некое време ќе почнат да ви се допаѓаат.“- Сандра В.

„Ќе бидете шокирани од тоа како другите сега ја гледаат вашата врска посериозна и колку нестрпливи ќе бидат да имате деца веднаш.“- Моника Б.

„Момците какаат многу.“- Ирена А.

- Реклама -