Виц: Бремена девица

Мајка води 18-годишна ќерка на лекар:– Докторе, ќерка ми постојано е болна. Погледнете што и е!
Лекарот ја прегледува девојката и вели:
– Госпоѓо, ќерка ви е бремена во петтиот месец.
– Тоа е невозможно! – вели мајката. – Па таа е девица! Нели така, миличка?
– Да, мамо, па јас дури не сум се ни бакнала со маж!
Лекарот премолчува, оди до прозорецот и почнува да гледа во небото. По 5 минути мајката не издржува и прашува:
– Докторе, што правите? Нешто не е во ред?
– О, не! Се е во ред. Само, последниот пат кога девица родила дете, пред околу 2000 години, на исток се појавила силна светлина и од ридот се спуштиле тројца месии. Еве, стојам и ги чекам пак да се појават…

- Реклама -