Чевчаен е мал град кој се протега во северниот дел на Мароко, со богата историја, прекрасна природа и неверојатна архитектура, по која е и всушност најпознат.
Небесно сините ѕидови, врати и столбови, се главното одбележје кои на овој град му даваат уникатна нота која не може да се сретне на ниту едно друго место во светот. Ваквата традиција на градот започнала во 1930-та година, од страна на еврејските бегалци, кои сината боја ја сметаат за симбол на небото и рајот.
Во градот во кој живеат околу 40.000 жители, секојдневно доаѓаат нови и нови посетители, кои уживаат во прошетките низ малите сини улички.
Ако се прашувате како би изгледала една обична прошетка низ Чевчаен, погледнете и уживајте…