Најпосакуваниот осуденик, Џереми Микс, тврди дека е невин

Џереми Микс, осуденикот од Калифорнија кој стана вистинска интернет сензација, тврди дека е невин, пренесува „Daily Mail“.

Микс (31), кој беше уапсен поради нелегално поседување на оружје, ги освои женските симпатии ширум светот благодарение на само една фотографија.

Заради оваа неочекувана популарност тој дури и дал интервју од затворот. Микс за новостекнатата слава дознал од разговорите со сопругата. Тие двајца се во брак четири години, а имаат и тригодишен син.

Jeremy-Meeks-Wife

Микс воедно изјавил дека е неправедно обвинет и дека криминалните денови за него одамна завршиле. Тој претходно заради грабеж одлежал 9 години во затвор. Сепак, заради поседување на оружје без дозвола, тој повторно ќе се најде на судење во петок.

Што се однесува на тетоважата во форма на солза, која често пати кај криминалците означува број на луѓе кои ги убиле, тој не сакал да го открие нејзиното значење.

„Направив некои работи во минатото кои сакам да ги заборавам“, изјавил Микс.

jeremy_dreamy_mcmug_meeks_a_really_bad_dude_m5

Неговата мајка која отвори и интернет страница за собирање на 25.000 долари за да може да му обезбеди праведно судење, тврди дека нејзиниот син престанал со криминалните активности уште пред седум години.

„Тој има работа и нема врска со бандите“, изјавила таа.

screen-shot-2014-06-20-at-12-33-35-pm

Во меѓувреме, благодарение на многубројните коментари во кои девојките се согласни дека тој изгледа како вистински манекен, со неговата фотографија си поиграа „фотошоп мајсторите“ кои го вметнаа во одело на Hugo Boss, за кое сметаат дека одлично му прилега.

Jeremy-Week-Hugo-Bossnmeeks4 jeremy-meeks-brother-lead jeremy-ray-meeks-photos-91 jeremy-meeks-go-fundmeeks

- Реклама -