13-тото издание на ИДТФ Битолино

Тринаесеттото издание на ИДТФ Битолино годинава ќе понуди итересна и богата театарска програма.

На годинешниот фестивал кој ќе се одржи од 3-ти до 7-ми август во Битола, публиката ќе има можност да погледне голем број на претстави од повеќе земји ширум светот како што се: Македонија, Шпанија, Литванија, Портигалија, Германија, Словачка и Унгарија.

Публика ќе можеда да ги погледне: Antzokki Teatteri од Шпанија кои ќе ја изведат претставата „Огномет – Искри на животот“, Theatre Stories од Литванија со претставата „Стапица“, Imaginar do Gigante со „Големото езеро“, Theater Kunstdunger од Германија со „Подла патека“, Odivo theatre од Словачка со претставата „Воздух“ и Gobi Dance Company со „2-М2“.

Фестивалот годинава се одржува под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“. Се реализра со финансиска поддршка од Министерството за култура, Општина Битола и Комерцијална банка.

ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“ за чии претстави секогаш се бара “билет повеќе”.

Во прилог, погледнете ја официјалната програма на годинешното 13-то издание на ИДТФ Битолино.

- Реклама -