Кутии за храна, кеси, па дури и грозје можат да се запалат доколку се загреваат во микробранова рерна.
Ова интересно видео покажува зошто некои работи не смееме да ги ставаме во микробранова, а сликовито покажуваат и зошто.
На пример, доколку јајцето во лушпа се најде во микробранова, ќе се создаде толку силен притисок што јајцето внатре ќе експлодира.
Алуминиумската фолија, пластичните садови и металните рачки на кутиите од нарачана храна, можат да предизвикаат голем пожар. Кога станува збор за пластика, тука се и пластичните кеси, кои под влијание на топлината испуштаат токсични испарувања. Со тоа, се што ставате во микробранова, а е направено од пластика, може да остави отровни материи во вашата храна.
Исто е и со садовите од стиропор – и тоа е еден вид на пластика. Можеби ова ќе ве изненади, но во микробранова не смеете да ставате ни грозје, суво грозје, сушени пиперки, бидејќи под услов да не создадат пожар, можат да ги оштетат очите и запалат грлото.