Невообичаена драма во раните утрински часови во американската држава Мичиген. Човек кој се прекачил преку заштитната ограда на надвозник на автопатот 696, се заканувал дека ќе скокне и ќе се самоубие.
Невообичаениот дел во приказната е како полицијата го спречила човекот. Имено, тие повикале 13 камиони со приколки напомош, кои биле паркирани еден до друг преку сите ленти под надвозникот, сé со цел да го ублажат падот на човекот во случај да реши да скокне.
Набрзо по пристигнувањето на камионите, човекот се откажал од намерите и решил да поживее. Којзнае, може го фатило срам и му станало незгодно. На толку напор на полицијата, и нам би ни било.