Јазикот на жабите – брзо и смртоносно оружје

Некои жаби можат да се пофалат со поголем  плен од нив, благодарение на јазикот, кој што може да крене тежина  до три пати повеќе од нивната.

Тајната е во поголемата  сила на јазикот и во неговата голема брзина, информира Би Би Си,  раскажувајќи за нов експеримент извршен од научниците на Универзитетот во Кил, Германија.

Тие ставиле штурец од другата страна на стакло, со цел да и го отворат апетитот.

Нејзиниот јазик, се разбира дека удрил во стаклото, но тоа им овозможило на научниците да ја измерат неговата сила.

Предметниот вид жаби се познати по тоа што можат да изедат цел глушец.

- Реклама -