Две во едно: Истуширајте се и испеглајте си ја маицата – истовремено!

За пеглањето на една маица потребни се само неколку минути, но неретко се случува да имаме други приоритети, како на пример да се истушираме, па измазнувањето на гардеробата го изоставаме.

Во ваквите случаи, применете го трикот за пеглање на алиштата без воопшто да се послужите со пегла, а воедно и ќе заштедите на време.

Во овој случај маицата се пегла додека вие… Се туширате.

Еве како:

1. Сушалката за алишта ставете ја во тоалетот, а изгужваната маица закачете ја на неа, или пак едностано на шипката од завесата за туш.

2. Затворете ја вратата на бањата и прозорците за да не излегува пареата надвор.

3. Додека вие се туширате пареата ќе ги израмни наборите, доволно за да се незабележливи и да можете веднаш да ја облечете.

Овој трик можете да го користите за маиците, односно е ефективен ислучиво на лесни материјали, додека за густите и потешки сепак ќе морате да користите пегла за алишта.

- Реклама -