До 2035 година НАСА ќе испрати луѓе на Марс

Главниот истражувач на НАСА Елен Стофен потврди дека агенцијата има намера да испрати астронаути до Марс до 2030 година, со тоа што  до 2035 година тие ќе можат да слетаат таму.За постигнување на оваа цел американската вселенска агенција предвидува соработка со други нации, објави весникот “Дејли мејл”.

Техничкиот развој на НАСА веќе неколку години се насочен кон испраќање на луѓе на Марс. Меѓу проектите се ракетата за лансирање на многу тешки товари и капсулата “Орион”. И двете ќе бидат  компоненти на иден обид на луѓето да слетаат на Црвената планета, а потоа да се вратат на Земјата, макар и технологијата уште да не е подготвена. Пред летот до Марс ќе има мисија за преместување на астероиди на позиција помеѓу Месечината и Земјата кој ќе биде посетен од астронаути.

Ова ќе биде клучна мисија за тестирање на технологијата за лет до Марс.Првата мисија до Марс ќе трае околу три години. За таа цел  ќе биде направен пилотиран лет до Црвената планета и назад. Тоа ќе претходи на слетувањето на луѓе на Марс и мастеринг на планетата.

„Не мислам дека првата група ќе остане долго таму.  Ова сепак ќе биде почетокот на постојано човечко присуство на Марс”, рече Стофен.

Други организации како приватната “Mars One” се изјаснија дека ќе испратат луѓе на Црвената планета до 2025 година.  Тие сепак досега не ги откриваат деталите за тоа како ќе ја извршат својата цел.  Пристапот на НАСА е повеќе од внимателен, со тоа што  Агенцијата нагласува дека за неа приоритет е безбедноста на астронаутите.

- Реклама -