Зошто комарците „јадат“ некои луѓе, повеќе од другите

Најновите истражувања покажуваат дека комарците особено „прогонуваат“ два проценти од човештвото. Воедно, откриени се причините за таа привлечност:

Данските истражувачи од универзитетот Aarhus откриле дека човечкиот мирис е тој кој ги привлекува или одбива комарците.

MOSQUITOS2

– Јаглерод диоксидот и топлината кои ги испуштаме ги привлекуваат комарците, но исто така нив ги привлекуваат и одредени мириси, вели Карл Мартин Вагн Јенсен, предводник на истражувањето.
Јенсен тврди дека засега немаат одредено кој точно мирис ги привлекува малите „крвопии“, но оти сепак постои разлика меѓу нив.

 

Оваа студија успа да разбие некои од митовите за комарците. Некои луѓе веруваат дека комарците ги бираат луѓето со „слатка“ крв, некои сметаат дека „крвопиите“ ги избегнуваат заразените лица, а има и такви кои сметаат дека витаминот Б дава заштита од иритирачките боцкања од инсектите.

Сепак, користењето на лукот како заштитно средство е делумно оправдано. Засега нема индикации за ваквите тврдења, но според Јенсен, постојат индикации дека аромата на лукот го замаскирува нашиот мирис.

Прочитај повеќе:

Оригинална стапица за комарци

 Понатаму според една друга студија, погледнете што е она што е пресудно да ве изберат вас:

Возрсани сте

Големите луѓе произведуваат повеќе јаглерод диоксид, а ако постои нешто што го привлекува комарецот, дури и од далеку, тоа е облак на CO2. Затоа мажите имаат повеќе каснувања од жените, а тие заедно пак, повеќе од децата.

Сте вежбале и сте се запотиле

На комарците им е привлечна млечната киселина, која се наталожува во мускулите после вежбањето. Вежбајќи вдишувате повеќе воздух, што значи околу вас ќе има повеќе јаглерод диоксид.

Имате брз метаболизам

Комарците сакаат малку холестерол во оброците. Личностите кои брзо го метаболираат холестеролот, а не оние кои инаку имаат високо ниво на холестерол во крв, повеќе ги привлекуваат инсектите, затоа што тие нуспродукти од преработката на храната се присутни и во кожата.

Им мирисате

Ацетонот и естрадиолот кои се наоѓаат во вашиот здив и многу други состојки и бактерии во вашата кожа, допринесуваат да им бидете атрактивни на комарците. Научниците веруваат дека некои луѓе имаат посилен мирис од други. Исто така, можно е личностите кои комарците не ги каснуваат често, да произведуваат хемикалии во кожата, со што ги одбиваат инсектите.

Како други причини зошто комарците некои луѓе ги сакаат повеќе од останатите се наведува и дека тие обожаваат жени во поодмината бременост, најмногу напаѓаат на полна месечина, но имаат и омилени бои. Така, вие ќе бидете повеќе на  мета доколку носите црна, жолта или црвена облека.

- Реклама -