10 работи кои не сте ги знаеле за Мерилин Монро

За некоj кој е мртов повеќе од 50 години, Мерилин Монро продолжува да прави најдобри насловни страни.
Во октомври 2013 година, нејзините податоци за козметичка хирургија се појавија на провршина, покажувајќи дека таа имала вградено импланти на брадата и можна корекција на носот. Покрај тоа, Форбс штотуку ја рангираше Монро како шеста на листата на мртви славни личности со највисока заработка во 2013 година (по Мајкл Џексон, Елвис, Чарлс М. Шулц, Елизабет Тејлор и Боб Марли). Но, можеби најипресивно е тоа што таа беше именувана за најново лице на Chanel No. 5.

На 1-ви јуни Норма Џејн би го славела својот 88-ми роденден, а што уште може да нè изненади омилената русокоса икона?

Ви претставуваме 10 најлуди факти кои можеби не сте ги знаеле за Мерилин:

1. Монро добила само 50 долари за фотографиите во кои позира гола, кои се појавија во инаугуративното издание на списанието Плејбој. Фотографот Том Кели првично ги направил сликите во 1949 година за календар, но Хју Хефнер ги купил негативите од компанијата за календари години подоцна откако ѕвездата Монро беше во пораст. Тој платил 500 долари, но од фотографиите направил милиони.

2. Често пати е кажано дека големината на градите на Мерилин Монро била 16. Но, модниот уредник за весникот Тајмс од Лондон ги прекинала гласините кога имала прилика да проба дел од облеката на Монро. „Напротив,“ напишала Сара Бајс. „Додека таа беше несомнено сензуална- во сопственост на бујни гради и задник- во поголемиот дел од почетоците во нејзината кариера, таа била со големина 8 дури, па и во нејзините „подебели“ фази не била повеќе од 10.

3. Монро била хипер свесна за нејзината личност, и нејзините пријатели понекогаш коментирале на тоа колку била различна кога не била „влезена во карактер“. Авторот Труман Капоте еднаш ја затекнал загледана во огледало и кога ја запрашал што прави, таа одговорила „Гледам во неа“. И ко-ѕвездата на Монро од „Misfits“, Ели Валач се сеќава како шетале заедно низ Њујорк, велејќи: „Никој не забележа која е таа бидејќи беше самата себе- и одеднаш нејзиниот од, став и изглед ќе се смени и за момент сите зјапаа во неа и бараа автограми. Само сакав да бидам Мерилин Монро за еден момент“, вели таа.

4. Монро д’ткала во текот на нејзиното детство и тинејџерство. „Не знам како се случуваше тоа… Некогаш ако бев многу нервозна или возбудена, ќе почнев да пелтечам,“ еднаш има кажано во интервју. Логопед би можел да ѝ помогне да ја надмине пречката со корисни инструкции за правилно дишење и тон на глас, но велат дека нејзиното д’ткање се вратило во текот на снимањето на „Something’s Got to Give“- нејзиниот последен филм- како резултат на стрес.

5. Во 2010 година колекција од списи, писма и песни на Монро, вклучувајќи нејзини лични рецепти за готвење, кои биле најдени напишани на парче хартија од „City Title Insurance Company“. Њујорк Тајмс ги испечати и рекреира необичните рецепти.

6. Тесниот фустан кој Монро го носеше додека ја пееше „Happy Birthday, Mr. President” на Џон Ф. Кенеди во 1962 година, бил продаден на аукција за 1,267,500 долари во 1999 година, правејќи го најскапото продадено парче облека во тоа време. Белиот фустан кој таа го носеше во „Тhe Seven Year Itch” во 2011 година беше продаден на аукција за 5,6 милиони долари.

7. Монро ја имала „најбујната брада од сите актерки во Холивуд“, вели експертот за Монро Џин Лондон. Според него, тоа се должело на хормонален крем кој го ставала за нејзината кожа да сјае на филм. „Сакале да ѝ ги отстранат влакната од лицето, но Мерилин апсолутно одбила.“

8. Кога Монро се омажила за драматургот Артур Милер во 1956 година, списанието Variety објавиле насловна „Egghead Weds Hourglass (Интелектуалец се оженил со песочен часовник).”

9. Името на рок музичарот Мерилин Менсон, и неговата група, потекнува од имињата на Мерилин Монро и Чарлс Менсон, со цел да проектира дихотомија меѓу доброто и злото. Но, уште почудно, во својата автобиографија, Менсон (роден Брајан Ворнер) вели дека никој никогаш не се сомнева во половината на Монро може да биде темна исто толку темна како и половината на Менсон. „Мерилин Монро имала темна страна, исто како што Чарлс Менсон имал добра, интелигентна страна“.

10. Кога Монро починала, објавата за самоубиството во Њујорк Тајмс го достигнал тогашниот рекорд за само еден ден. „Ако најубавото, најпрекрасното нешто на светот нема за што да живее, тогаш немам ниту јас“, пишувало во самоубиствената белешка на жртвата.

 

- Реклама -