Напаѓаат крлежи

Дождовите ја зголемија опасноста од крлежи на Балканост, а во овој период се забележани поголем број на пациенти кои што се каснати од крлеж.„Крлежи, болви и други инсекти има многу оваа година. Освен во полето, животните ги донесоа и во дворовите, изјави Јордан Арсов, жител на село Радање, пишува Нова Македонија.

Најмалку  двајца пациенти дневно  завршуваат на Инфективно во земјава, како последица од каснување од крлеж.  Како што велат, не се работи за информација која што треба да се игнорира, со оглед на тоа што крлежите се  потенцијална опасност од многу заразни болести.

„Крлежите се вектори кои во зависност од бактериите што ги носат во себе можат да предизвикаат клинички слики со високи температури, осипи по кожата и зголемени лимфни жлезди“, тврди д-р Дијана Шипкова, инфектолог.

За ова да не се случи, многу е важно крлежот правилно и навремено да се извади и тоа најмногу 10 часа од каснувањето.

„Се смета дека првите 6 часа крлежите се адаптираат, а во наредните 4 се сместуваат во организмот, така што најдоцна 10 часа од каснувањето крлежот мора да се отстрани“, додава таа.

- Реклама -