Македонците да зборуваат без роаминг во земјите од поранешната Југославија

Дали наскоро, граѓаните кои живеа во земјите од поранешна Југославија, а кои се уште не се членки на ЕУ, ќе можат да зборуваат преку своите мобилни телефони, по нормални тарифи, а не на роаминг.

Според Роберт Орданоски, директор на АЕК, расположението за да се направи цените на разговорите по телефон да бидат како во матичната држава, е огромно, пишува дневнинот весник Вечер.

Граѓаните на државите на Балканот што се уште не се влезени во Европската унија наскоро би можеле да разговараат меѓу себе без да плаќаат високи сметки за роаминг. Според Роберт Орданоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), расположението за да се направи цените на разговорите по телефон да бидат како во матичната држава, е огромно кај регулаторните тела на Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Оваа иницијатива е алтернатива на една поранешна иницијатива што произлезе од страна на Македонија, Србија и Црна Гора, а упатена до Европската комисија да дозволи граѓаните на трите држави кога се во ЕУ да разговараат без роаминг. За таа цел и беше потпишан меморандум кој до доставивме до Брисел и се уште чекаме одговор. Малку поспоро оди отколку јас очекував и на сите состаноци тоа го акцентирам дека е сериозен проблем за нас. Ќе бидеме упорни и мислам дека на крај упорноста мора да се исплати. Во тој дел ЕК е поригидна, побирократска, процедурите им се поспори. Затоа пак, сериозно работиме на потпишување на договор со земјите што не се членки на ЕУ да го укинеме роамингот на билатерално ниво. Но, сепак, тоа е доста комплексно, бидејќи во Македонија работат европски оператори…Еве на пример, во Хрватска која влезе во ЕУ имаат изгубено над една милијарда евра од укинувањето на роамингот

Тоа го објавни Орданоски за време на првата јавна седница на АЕК за оваа година каде на претставниците на сите оператори во земјава им беа презентирани идните мерки.

Како што рече Орданоски, интенцијата е да се достигне европската дигитална агенда која предвидува до 2020 година сите претплатници да имаат пристап до интернет со брзина од над 30 мегабити во секунда и 50% од претплатниците да имаат пристап до интернет со брзина од над 100 мегабити во секунда.

Новата регулаторна рамка ќе им овозможи на операторите да ги подобрат своите перформанси, да работат на изградба на нови оптички мрежи што ги овозможуваат овие брзини на интернет – напомена Орданоски.

- Реклама -