Во оваа канцеларија и најмрзливиот би посакал да работи

Затворените, монотони и загушливи работни простории често пати знаат да делуваат демотивирачки врз вработените и да ја убијат секоја тронка креативност и ентузијазам во нив. За среќа, се поголем број на компании стануваат свесни за влијанието на работната средина врз продуктот кој произлегува од луѓето кои работат во неа.

Една од нив е и прекрасната архитектонска фирма „Selgas Cano“, лоцирана во Мадрид, Шпанија. Нејзините сопственици при креирањето на канцеларискиот простор, очигледно биле свесни дека доколку луѓето кои работат се чувствуваат пријатно на работното место, ќе бидат поведри и ќе работат поквалитетно. Така, тие се погрижиле да креираат амбиент кој создава чувство на вистинска хармонија.

Со помош на материјали како плексиглас, фиберглас и полиестер, тимот на „Selgas Cano“ се погрижил да им обезбеди на своите малкумина вработени да работат во склоп со сонцето и природата.

Ваквото професионално искуство претставува вистински рај за секој човек кој се занимава со претежно  „канцелариска“ работа.

30040912411331911668059912_selgascanooffice24951810438781_selgas-cano-office-2339-528x347 2017396872_selgas-cano-office-2381 3004091241133192339777624_selgascanooffice2885Members_trip_Silicon_House_Madrid_Selgas_Cano_Archts_VB_18_05_12_040564970563_selgas-cano-office-2553

- Реклама -