Зошто добрите девојки завршуваат со лоши момци?

Секој од нас познава барем по една девојка што е добра, мила, згодна, способна и паметна, а постојано завршува со проблематичен дечко што не и ја пружа љубовта што ја заслужува и и е потребна. Веројатно сте пробале и да ја вразумите, ама безуспешно. Едноставно, се чини вистинита онаа „Свињите црешите ги јадат“. Зошто е тоа така?

Повеќе труд, посилна поврзаност

Кога жената не ја добива заслужената љубов и внимание, и се чини сосема природно на другата страна да и пружи уште повеќе. Така, таа се повеќе инвестира во врската, а тоа значи дека станува се поповрзана.

Доктор Џереми Николсон тоа го нарекува „лоша инвестиција“. „Кога за другата личност правите услуги и добро се однесувате со неа, во суштина почнувате таа личност се повеќе да ја цените и сакате. Тогаш, вие правите се што треба да направите и го очекувате истото и од другата страна. Но, тоа не се случува“, објаснува тој.

Прифаќаме љубов каква што мислиме дека заслужуваме

Можеби во детството, таа имала несоодветна машка фигура во животот (најчесто е таткото), или можеби првата љубовна врска многу ја повредила. Можно е, таквата девојка да одбира врски во кои се повторуваат истите тие моменти на недостапност, одбивање и напуштеност. Со еден збор, бара утеха дури и кога таквите односи болат. Проблемот е во тоа што таквите врски, со тек на времето, сериозно ја нарушуваат самодовербата и самопочитта. Што подолго трае врската, потешко е да се излезе од таквиот болен однос што носи и тага и уживање во едно.

Потребно е рано да се препознае таквата негативна динамика на односот и да се запамети следното: Штом еднаш прифатите нешто што не ви е достојно, во иднина ќе добивате се помалку.

- Реклама -