Детското писмо на кое е горда цела Хрватска

Во последниве неколку дена, цела Хрватска се обедини да им помогне на оние кои преку ноќ ги загубија своите домови.

Секој помогна колку што може, испраќање пари преку телефонските броеви за донации и праќајќи пакети со хуманитарна помош со потребните намирници, хигиенски препарати и лекови, но камионите носеа и играчки со надеж дека ќе им ја подобрат тешката секојневница на децата во потопените области. Со една таква играчка, Доминик од Самобор напишал порака која покажува дека детското срце е големо.

“Драг непознат пријател, јас се викам Доминик, имам 8 години и живеам во Самобор. Жал ми е што си морал да го напуштиш својот дом, па ти ја праќам мојата играчка и мал подарок. Можеби еден ден ќе се запознаеме. Доминик”, пишува во писмото.

- Реклама -