Мачката која што спаси дете станува милионер

Светот сигурно  полудел, бидејќи во економска криза, сиромаштија и поплави,  можеме да видиме мачки кои што заработуваат повеќе пари од нас. Познатата мачка која што го спаси својот сопственик,  4-годишното дете од збеснато куче, стана вирален хит, па и донесе на Тара голема слава.

Животното е покането да ја фрли првата топка во домашниот натпревар на Bakersfield Blazе. Семејство дури најмило и  менаџер кој ќе  одговара за следните учества на мачката по разни манифестации.

Луѓето од Cat Fancy Magazine ја побарале Тара за својата корица на списанието.

Се смета дека мачката во моментов заработува повеќе од сите X-Factor шампиони во текот на годините.

Постојат гласини дека животното ќе биде покането како  ѕвезда во идно телевизиско шоу.

Доколку сте го пропуштиле видеото, можете да го видите ТУКА.

- Реклама -