20 отсто од возрасните во Македонија се дебели

Дури 20 проценти од масечението во Македонија е дебело, а 0,5% од мажите и 47,8% од жените на возраст над 20 години имаат зголемена телесна тежина, пишува во нацрт верзијата на првиот Водич за исхрана на населението во земјава.„Една третина од децата на возраст од 6 до 7 години во земјава се со зголемена телесна тежина или дебели, а 13% се дебели. Се почесто ризик-факторите за појава на болест се откриваат во детска возраст, многу порано од времето во кое истите би се очекувало да се појават“, пишува во водичот што ги содржи  основните и најважни препораки за здрава исхрана и физичка активност, како и предупредувања за ризиците поврзани со консумирање определена храна и неактивност.

– Нашата популација се соочува со зголемени здравствени ризици соодветни за најголем број земји со таканаречен „западен“ стил на живот, каде главно здравствените ризици се поврзани со хроничните незаразни болести – изјави министерот за здравство, Никола Тодоров по повод објавување на водичот.

- Реклама -