Чудо на природата: Четворицата цареви

Раџа Ампат, наречен  уште Четворицата цареви, е архипелаг, кој што вклучува  над 1500 мали острови. Тој се наоѓа во северозападниот дел на полуостровот Бердс Хед, кој е дел од Нова Гвинеја. Четирите главни острови во архипелагот се  Misool, salawat, Batanta и Waigeo, како и помалите Kofiau.

Се проценува дека на Раџа Ампат се наоѓа најголем избор од морски живот на Земјата. Алхипелагот поседува најбогати екосистеми од коралните гребени во светот.

Раџа Ампат има некои од најдобрите места за нуркање во светот. Најслабо населените Острови се одлични за набљудување на птици и истражување на џунглата, белите песочни плажи, скриените лагуни и светите пештери.

Но,  исклучиво под водата човекот може да ги пронајде најпознатите неверојатни суштества во изобилство. Има повеќе од 1.500 видови на риби, 537 вида корали и 699 вида мекотели.

Главната егзистенцијата на локалните е риболов. Тие живеат во мала колонија од племиња и иако традиционалната култура се уште постои, се многу гостопримливи кон посетителите.

Островите го добиле името по митска легенда од локалните жители која вели дека една жена некогаш нашла седум јајца, но само четири од тие седум ќе станат принцови и секој од нив четири ќе си владее со своето кралство.

Во продолжение патувајте низ фотографии:

- Реклама -