Прв одбојкарски гол (видео)

Сергеј Кузњецов е човекот што го постигна првиот одбојкарски гол во историјата. Играчот на фудбалскиот клуб Севастопол го одреди пласманот во првата украинска лига со својот неспортски потег.

При резултат 1:1, на натпреварот помеѓу Металург Запорожје и Севастопол, којшто директно одлучуваше за пласман во првата украинска лига, Кузњецов постигна гол со смеч, без при тоа да се обиде да го скрие својот потег. Одбојкарскиот гол беше признат од судиите, а тоа малку ги испровоцира гостинските фудбалери, по што дојде и до мала тепачка.

{youtube}dYPORRteEYU{/youtube}

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -