Рајски остров во Шкотска се продава по цена еднаква на луксузен Bugatti автомобил

Остров лоциран на западниот брег на Шкотска, на кој не постојат продавници или патишта и со популација од само тројца жители е на продажба по цена помала од 2 милиони фунти.

Танера Мор, малиот остров кој лежи на површина од нешто повеќе од три километри квадратни, беше ставен на продажба минатиот мај по цена од 2.5 милиони фунти.

Иако островот го привлече вниманието на далечните земји како Кина, САД и Фокландските Острови, сепак, никој до крај не отиде во купувањето на ова рајско островче.

Така, агентите за продажба ја спуштија сега цената на 1.950.000 фунти, што е еднакво со цената на некои поголеми раскошни станови кои се наоѓаат во центарот на големите метерополи како Париз, Лондон, Њујорк…

Лизи, Ричард и нивната ќерка Рози Вилијамс се единствените жители на зелениот остров полн со прекрасни дрвја, ливади и диви плажи, но со оглед на тоа што во моментов тие го очекуваат и нивното второ дете, одлучиле дека е време да се преселат во поцивилизирана средина.

Освен прекрасната дива природа, на островот се наоѓаат 9 колиби чија замисла е да служат како викендици за посетителите, кафуле, пошта и мало училиште за едрење.

Сепак, и покрај сите овие градби, рајската природа, волшебните хоризонти и непроценливиот мир и спокој, цената на Тенера Мор е еднаква колку еден луксузен Bugatti автомобил.

article-2613095-1D57E3F100000578-953_964x1351 article-2613095-1D57E82000000578-87_964x636 article-2613095-1D57EABC00000578-126_964x462 article-2613095-1D57EB6E00000578-4_964x272 article-2613095-1D57EC8C00000578-546_964x649 article-2613095-1D57EC9C00000578-731_964x650 article-2613095-1D57EC1400000578-33_964x636 article-2613095-1D57EC9400000578-349_964x638 article-2613095-1D57EC9600000578-962_964x622 article-2613095-1D57ECA000000578-409_964x630 article-2613095-1D57ECE700000578-682_964x650 article-2613095-1D57EDA300000578-206_964x628 article-2613095-1D57EE5700000578-341_964x340 article-2613095-1D57EFE800000578-501_964x643 article-2613095-1D57F08800000578-351_964x634 article-2613095-1D57F25000000578-47_964x633 Tanera Mor, Summer Isles, Scotland, UK article-2613095-1D57F65400000578-907_964x628 article-2613095-1D57F70300000578-233_964x633 article-2613095-19A1AA5A000005DC-455_964x534 article-2613095-19A9AC9B000005DC-801_964x632 article-2613095-17521430000005DC-483_964x592article-2613095-1D59275000000578-544_472x423

- Реклама -