Трикови кои ќе ви помогнат да се справите со нискиот притисок

Многу луѓе патат од низок притисок, особено жените. Нискиот притисок е променлив дури и кај здравите луѓе во зависност од влијанието на надворешните фактори, физичкиот напор, психичкиот стрес, како и од проблемите со вените, нивната состојба и еластичност, од јачината на срцето, функцијата на бубрезите и надбубрежните жлезди, како и од функцијата на тироидната жлезда.

Луѓето со низок притисок лесно се уморуваат, брзо ја губат енергијата, неретко патат од главоболка a повремено и од несвестица, имаат променливо расположение, честопати имаат болки во мускулите и подобро се чувствуваат кога времето е студено. За да ги избегнете овие симптоми, ние ви нудиме неколку трикови кои ќе ви помогнат во борбата против нискиот притисок:

Ставете перница под главата

Кога ќе легнете во кревет, подметнете неколку перници под главата, за менувањето од лежечка во стоечка положба да не биде премногу нагло.

Туширањето завршувајте го со ладна вода

Наизменичното туширање со топла и ладна вода влијае на јакнењето на крвните садови. Поради брзите промени на температурата, тие тогаш брзо се шират и собираат, па се прилагодуваат на надворешните влијанија, како на пример, топлото време. Туширањето секогаш завршувајте го со ладна вода. Ефектот ќе биде уште поголем доколку со сува четка ја масирате кожата во насока на срцето.

hg_raindance-select-300-overhead-shower-woman-showering_730x411

Јадете помалку но почесто

Крвиот притисок е најнизок во текот на првиот час после јадењето. Тој паѓа бидејќи на органите за варење им е потребна крв со цел да ја вршат својата функција. Овој ефект ќе биде намален доколку внесувате помали порции храна.

Избегнувајте алкохол

Алкохолот има повеќе негативни дејства: го поттикнува исфрлањето на течности од организмот, пречи на работата на центарот за рамнотежа во мозокот и ја успорува работата на срцето. Покрај тоа, негативно влијае и на малите нервни завршетоци одговорни за стеснување на крвните садови, кои можат да ги влошат симптомите на циркулаторните нарушувања.

Внесувајте вода и сол во организмот

Доколку имате низок притисок морате секојдневно да внесувате доволно количество вода во организмот, односно 30 мл на еден килограм телесна тежина, како и сол бидејќи таа се поврзува со водата и го зголемува волуменот на крвта којашто циркулира.

- Реклама -