Најавени две нови сезони во „Играта на троновите“

Претседателот на HBO,  Мајкл Ломбардо, на огромна радост на фановите го најави снимањето на петтата и шестата сезона од популарната серија.

„Игри на тронови” е феномен како никој друг. Дејвид Бениоф и Д.Б Веис заедно со своите талентирани соработници, продолжуваат да се надминуваат сами себе и сите се радуваме на нивните брилијантни приказни”, изјавил Ломбардо.

Четвртата сезона започна да се емитува во неделата и истата ќе има десет епизоди.

Фановите велат дека уште со првата епизода дојде ветувањето дека не очекува фантастична сезона.

- Реклама -