Торнадо крена камион со двајца патници во Северна Каролина

13 лица настрадаа во САД откако торнадо помина низ Северна Каролина. Стихијата оставила без струја поголем дел од американскиот град Бел Хевн, соопшти Дарик радио.

Торнадото успеало дури и да дигне  камион со две лица во кабината, кој потоа паднал од 10 метри височина. Двајцата повредени биле хоспитализирани и за среќа се наоѓаат надвор од животна опасност.

Торнадото предизвика штета на неколку куќи, четири сообраќајни несреќи, а сруши и многу дрвја.

- Реклама -