Гинтер Ојрингер и неговата блескава насмевка, на прв поглед инстантно не потсетуваат на Киндер чоколадите.Но, сте помислиле ли некогаш дека тој не може вечно да биде дете, иако за нас останува ист веќе со генерации и генерации.
Гинтер во моментов има 42 години и неодамна напиша автобиографија.
Како дошла Киндер приказната?
Во 1973 година, мајката на десетгодишниот Гинтер го одвела на снимање во Минхен каде и живееле. Тие не ни очекувале дека тој ќе стане „заштитно киндер лице“ во наредните три децении.
Гинтер вели дека бил горд кога првпат се видел себе си во супермаркетот, но во текот на тинејџерскиот период не сакал да го поистоветуваат со лицето од рекламата. Додава дека пред се се презаситил од прашањата за парите и на прашањето колку заработил од продажбата на чоколадите. А одговорот е само 100 евра.
Гинтер Ојрингер живее во Минхен со сопругата и двете деца и работи како камерман.