Дали и вие ги правите овие грешки при шминкањето?

Осветлувањето и контурата е една од најзависните техники во шминкањето некогаш.

Секоја жена сака да ги истакне своите јаболчници, па така често пати се претерува оцртувањето на скелетот на лицето.

Еве неколку совети да добиете поприроден оцртан изглед:

1. Употребете само една или две нијанси потемна сенка од вашата пудра, било што повеќе е премногу.

2. Без бронзери! Сјајниот и светкавиот ефект ја рефлектираат светлината и ќе направи затемнатата област да се издвојува и да изгледа поголема. Тоа е спротивното од она што сакате вашата контура да напрви.

3. Не „паѓајте“ на секој производ за контура што ќе го видите. Потемен коректор или пудра во прав е сосема добро.

Погледнете го видеото на Мариана Хјуит во кое покажува класични грешки во обликувањето на лицето:

- Реклама -