Катната гаража доби светско признание

Новата катна гаража спроти дирекцијата на Макпетрол доби најмногу гласови на интернет гласањето за светската наградата „Архитизер А+” во категоријата на паркинг објекти.

Наградата „Архитизер А+” беше организирана под покровителство на архитектонскат интернет платформа „Архитизер” и весникот „Вол Стрит журнал”.

Проектот е на архитектите Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Никола Стрезовски и Дамјан Момировски, а фасадата е дело на Милан Мијалковиќ, кој за овој објект веќе доби на манифестцијата „Архитектура на Град Скопје”.

Фасадата е изработена од ламинатни панели од дрво со голем издржливост на атмосферски влијанија и овозможува природна вентилација на објектот. Гаражата е со две подземни и седум надземни нивоа.

- Реклама -