Виц: Студент v.s. професорот

Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот.Професорот му довикал:

-Птиците и свињите не седат заедно.

– Во ред, тогаш  летам – се преместил студентот на друго место.

Професорот се изнервирал и решил да го бутне на испит.

Дошло  време да се  полага,а студентот поминал добро ко за 10-ка.  Професорот се изнервирал и го прашал, за крај:

– Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет, а во другата пари. Која торба ќе ја земеш?

-Парите, професоре.

– Јас, пак, би го зел паметот. – остро рекол професорот.

– На кого што му фали, тоа ќе си земе. – му одговорил студентот.

– Во просторијава има еден голем идиот! – свикал професорот.

-Но, добро е што барем си признавате. – одговорил студентот полн со разбирање.

Професорот нервозно го зел индексот и во него не напишал оценка туку „Говедо“.

Студентот го земал индексот и излегол. После една минута се вратил и мирно му рекол на професорот:

– Извинете професоре, овде само сте се потпишале и не сте ми ставиле оцена.

- Реклама -