Најбизарните секс ритуали

Можеби сметате дека денешницата е полна со секс бизарности, но вистината е дека и историјата на човештвото е прилично богата со чудни и перверзни ритуали. Онлајн магазинот Nerve направи листа од најбизарните и најфасцинантни моменти од минатото на човековата сексуалност.

1. Во историјата, во хавајската култура важел обичај на давање на имиња на своите гениталии. Меѓу членовите на кралското семејство, но и меѓу обичниот народ, прилично популарни биле песните во кои ги опишувале своите полови органи.

2. Во племето Самбијан на Нова Гвинеја, младите мажи се држат настрана од жените, се до моментот кога се означува нивниот премин во светот на возрасните. За да се комплетира „созревањето“, тие мораат орално да ги задоволат најмоќните работници во племето и да ја проголтаат нивната сперма.

75093399-papua-new-guinea_custom-c463fd7f1b8438be8d85438ba1ed1c8edbd547b7-s6-c30[1]

3. Во древниот Египет се верувало дека реката Нил е предизвикана од ејакулацијата на богот Атум. Заради тоа, фараоните ритуално мастурбирале во славната река.

4. Луѓето од племето Гуаџиро, Колумбија, имаат интересен облик на забава. Во церемонијалниот танц, девојките смеат да им подметнат нога на младите мажи. Ако тоа го направат, нивниот танц мора да заврши со секс.

5. Жителите на малиот остров Инис Беаг на брегот на Ирска се меѓу најзатворените култури, кога се работи за сексуалните активности. Возрасните луѓе не ја соблекуваат ни долната облека за време на сексуалниот однос, а згора на тоа, нашироко се смета дека сексот е лош за здравјето.

6. Во Средниот Век, црквата сметала дека „мисионерската“ поза е единствената „правилна“ и „прифатлива“ положба за сексуален однос.

7. Некои племиња на Хималаите практикуваат полиандрија. Сите браќа делат една сексуална партнерка. На тој начин ги чуваат своите фарми од пренатрупаност со деца.1297454990709_ORIGINAL

8. На некои од островите во Полинезија било сосем нормално децата да ги набљудуваат родителите додека имаат секс. Децата спиеле во собите со своите родители и биле присутни за време на нивните секс партии.

- Реклама -