Научниците открија астероид со прстени за прв пат

Ново изненадување во астрономијата – астероид со прстени, беше откриен во нашиот Сончев систем. Небесното тело се наоѓа помеѓу планетите Сатурн и Уран. Откритието ги изненадило научниците, бидејќи досега се сметаше дека малите вселенски објекти не можат да имаат прстени.

Астероидот, наречен Чарикло, е со дијаметар 250 километри.

Двата прстени се со големина 7 и 3 километри, со тоа што  се на растојание од 9 километри еден од друг.

Како се појавиле прстените, останува мистерија. Една од теориите е дека се формирале по судир со друго тело.

Според научниците многу е можно по многу години од прстените да се формира месечина. Ова откритие е петтиот објект во Сончевиот систем, за кој се знае дека има прстени, по Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

- Реклама -