Зоолошката градина која ја уби жирафата Мариус, умртви четири здрави лавови

Само неколку недели откако јавно умртви жирафче, поради тоа што било вишок,  зоолошката градина во Копенхаген уби четири здрави лавови.

Ова предизвика остри реакции на незадоволство низ целиот свет, соопшти Ројтерс.

Од зоолошката градина објавија дека убиле 16-годишен лав, лавица на приближно иста возраст и две помлади лавици, откако во неделата во градината пристигнал нов млад лав. Еутанизираните  четири животни биле дел од програмата на зоолошката градина за ажурирање на животните.

„Сега имаме  две млади лавици, родени во 2012 година. Тие можат да ги преземат функциите на старите женки, како и да  направат силна тројка со новиот машки примерок”, се вели во соопштението на зоолошката градина.

Тие прецизираат дека убиените два помлади лавови не биле доволно силни за да се заштитат и би можело  да бидат убиени од новиот машки лав.

Копенхагската зоолошка градина стана предмет на сериозни критики во февруари 2014 година, кога загина 18-месечното жирафче Мариус, кое го убија пред очите на посетителите.

Персоналот на градината доби и смртни закани откако здравото жирафче беше усмртено. Гувернерот на градината Штефан Щаерде најави дека овој пат не очекува слична реакција.

Телата на мртвите  лавови ќе бидат искористени за истражувања.

- Реклама -