Неочекуван музички експеримент: Моќта на пентатонската скала (видео)

Ова што ќе го видите, работи на секоја публика, било каде во светот. Како што вели Боби Мекферин, американски вокалист и диригент, од некоја чудна причина, се чини дека пентатонската скала и способноста да ја препознае е дел од секој човек. Не знаеме зошто е така, ама погледнете за да се уверите:

Инаку Боби Мекферин е познат по неговите уникатни вокални техники, како на пример да звучи како полифонија кога пее, или да прави големи скокови во висината на својот глас. Доказ за тоа се неговите гостувања на TED Talks и слични научни конференции, како што е и оваа во видеото, а и тоа што доби понуда (на шега) да се вработи во полето на невронауката.

- Реклама -