Home УмниБус Љубов и секс 20 знаци дека сте го пронашле „вистинскиот“

20 знаци дека сте го пронашле „вистинскиот“

0

Секој почеток на врска е страстен и интересен, но како што поминува времето на површина испливуваат малите детали кои многу брзо можат да откријат дали се работи за сериозна работа или само минлив флерт.

Ако сакате да бидете сигурни дека сте го нашле човекот на својот живот и дека сте влегле во вистинска врска која има голем потенцијач да стане нешто посериозно, приметите некои од овие 20 знаци.
Истражувањето спроведено во 2000 година на среќно заљубени брачни парови и оние кои се спремаат да се венчаат откриле многу интересни информации. На двојките им било поставено прашањето: Кој според нив биле најдобрите знаци кои им покажале дека нивната врска ќе успее и стане сериозна.

Иако одговорите се навистина различни, некои од нив сепак се повторувале неколку пати. Ги одбравме најинтересните од нив со чија помош би требало барем да препознаете дали вашата нова врска е сериозна или само минлив флерт.

1. Сте ги запознале неговите родители и тој вашите.

2. Планирате заедничко патување.

3. И двајцата фантазирате за заедничка иднина.

4. Ве поканува на семејните собири.

5. И двајцата сте кажате „Те сакам“.

6. Кај него во станот оставате ваши предмети (четка за заби, чешел, облека…).

7. Се гледате барем секој втор ден.

8. Се грижи за вас кога сте болни.

9. Ве запознал со широкиот круг на пријатели и ве вклучува во заедничките дружења.

10. Предложил да земете заедничко домашни милениче.

11. Го возите неговиот автомобил и тој вашиот.

12. Отворено зборувате за финансиите.

13. Имате хипотетички разговори за заедничко вселување и семејство.

14. Не ја затворате вратата од бањата.

15. Ги знаете сите негови дневни планови и тој вашите.

16. Заедно се туширате и ги миете забите.

17. Ве повикува без договор, и додека сте на работа.

18. Не се срамите да стоите пред него неуредни и без шминка.

19. Секогаш ве прашува за мислење и го зема во предвид.

20. Секогаш ве вклучува во вашите планови и договори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here