1200 заpaзени и само 1 пoчинaт: Нов Зеланд не ја зарамнува кpивата, туку ја сpaмнува со земja. Еве како

Пристапот на Нов Зеланд во борбата со коронавирусот – елиминација наместо намалување на ширењето – не само што вродува со резултат, туку почна да добива и меѓународна пофалба.

„Вашингтон Пост“ објави статија со наслов „ Нов Зеланд не само што ја зарамнува кривата. Ја смачкува“. Авторката Ана Фифилд – која е од Нов Зеланд но 20 години живее во странство, пишува дека резултатите од тоа што земјата го следи „агpeсивниот“ пример на „елиминација“ на вирусот од азиските земји, наспроти стратегијата на „спречување“ на која се решија најголемиот дел од западните земји, се видливи веќе по само 10 дена од имплементирањето.

До денес, Нов Зеланд има 1210 забoлени, а само 1 пoчинат од коронавирусот. Три дена по ред бројот на нови случаи опаѓа, и покрај тоа што се прават сѐ повеќе тестирања. Еве како изгледаат бројките на нови случаи во последниве неколку дена (според Worldometers):

• 8 април – 50 нови случаи
• 7 април – 54 нови
• 6 април – 67 нови
• 5 април – 89 нови
• 4 април – 82 нови
• 3 април – 71 нови
• 2 април – 89 нови случаи

Реномирани светски епидемиолози се придружија на пофалбите за Нов Зеланд, но потенцираат дека сѐ уште постои простор вирусот да надвладее и земјата да мора да премине на алтернативна стратегија.

Претходно, во колумна на реномирани епидемиолози и професори, Нов Зеланд беше посочен како „единствената западна земја“ која го следи моделот на азиските земји како Кина, Хонгконг, Тајван, Сингапур и Тајван.

За д-р Сиокси Вајлс, микробиолог и специјалист за инфективни болести од Универзитетот во Окленд, одлично е што пристапот на Нов Зеланд добива меѓународно признание. Таа смета дека ова ќе ги освести оние што го критикувале пристапот и/или аргументирале дека треба да се следи пристапот на „колективен имунитет“ или „да се чека подолго“.

ШТО НАПРАВИ НОВ ЗЕЛАНД?

Фифилд, која пред околу еден месец се вратила во Нов Зеланд, во статијата во „Вашингтон пост“ опиша како земјата успеала да го исконтролира вирусот толку брзо. Според неа, било направено „она што претходно беше незамисливо“ – уште на 19 март земјата ги затвори своите граници за странци, што не е мала одлука, бидејќи секоја година оваа островска земја ја посетуваат околу 4 милиони луѓе. Тоа имаше голема улога во борбата против вирусот, особено што Нов Зеланд е мала нација и повеќето случаи можеа да бидат следени преку меѓународните патувања.

Таа пишува дека премиерката Јасинда Ардерн многу сериозно ги сфатила советите на експертите кои биле загрижени поради ситуацијата во Шпанија и остатокот од Европа и аргументирале дека треба да се воведе целосен карантин.

Само четири дена подоцна, на 23 март, Ардерн имаше прво телевизиско обраќање од Кабинетот на премиерот уште од март 1982 година, во кое соопшти дека земјата има 48 часа да се подготви за целосен карантин. Со многу сериозен тон, Ардерн тогаш соопшти: „Во моментов имаме 102 случаи. Но и Италија имаше толку, некогаш“.

Целосниот карантин значеше дека сите мораат четири недели да останат во своите домови, освен ако мораат да одат во маркет или се бават со некоја од клучните професии, како здравство.

Според Фифилд, стратегијата на Нов Зеланд ги обединила граѓаните. Луѓето ги пријавуваат прекршувањата на карантинските мерки, а дури и главната опозициска партија се воздржала од критикување на ваквиот пристап.

Во меѓувреме, единствената пoчината е постара жена која имала историја на хронични забoлyвања.

- Реклама -