12 непознати факти за „Сам дома“

12 непознати факти за „Сам дома“Речиси и да не постои човек што не ја гледал комедијата за малото дете, заборавено дома, за време на празниците, и двајцата глупави разбојници кои не можат да го надмудрат. Но, ретко кој ги знае овие факти…

1. Фотографијата од девојката на Баз, што Кевин случајно ја пронајде…

Непознати факти за Сам дома…всушност е фотографија од момче, направено да изгледа како девојче. Режисерот мислел дека ќе биде премногу сурово да се исмеваат со вистинска девојка.

2. Улогата на чичко Френк…

Непознати факти за „Сам дома“…била напишана за Келси Грамар (Фрејзер).

3. Елвис Присли се појавил во филмот…

{youtube}uXKafsX4foA{/youtube}
…тврдат поборниците на теоријата на заговор кои велат дека Елвис е жив. Се работи за човекот со голема брада, кој застанува позади мајката на Кевин, додека таа му вика на вработениот на аеродромот, токму пред да се запознае со Џон Кенди. Елвис Присли е умрен во 1977 година, 13 години пред излегувањето на филмот.

4. Плејбојот што Кевин го наоѓа во собата на Баз…

Непознати факти за „Сам дома“…е бројот од јули, 1989 година, во кој Ерика Елењак е Мис Јули.

5. Злобната печка во подрумот…

Непознати факти за „Сам дома“…ја контролираат двајца техничари, со помош на рибарски конци и батериски ламби.

6. Улогата на нискиот, глупав разбојник, Хери (Џо Пеши)…

Непознати факти за „Сам дома“…била одбиена од Роберт Дениро.

7. „Ангели со валкани души“ е измислен гангстерски филм.

Сцените што ги гледа малиот Кевин се снимени специјално за „Сам дома“. Во вториот дел, се појавува и измисленото продолжение од истиот филм „Ангели со уште повалкани души“.

8. Диктафонот „Токбој“…

…бил создаден како реквизит за филмот. По многуте писма од децата што го гледале филмот, била направена и функционална веризја и истата била пуштена во малопродажба.

9. Сцените со Џон Кенди биле снимени за 1 ден

Непознати факти за „Сам дома“Секако, се работело за ден што траел 23 часа, но сепак, само 1 ден. Приказната како го заборавил својот син во погребален дом е целосна импровизација. Очигледно е дека неговата улога е инспирирана од онаа што ја играше во „Авиони, возови и автомобили“.

10. Во сцената во која Хери го каса Кевин на прстот…

Непознати факти за „Сам дома“…Џо Пеши навистина го каснал Мекколи Калкин и му оставил лузна на прстот.

11. Концептот за „Сам дома“ се родил за време на снимањето на „Чичко Бак“…

…во една сцена од филмот, кога малиот Мекколи ја испрашува потенцијалната бебиситерка низ отворот за пошта на вратата.

12. Даниел Стерн се согласил да му стават тарантула на лицето…

Непознати факти за „Сам дома“…но само за едно снимање на сцената. Тој морал да го имитира врескањето, затоа што ако навистина врескал, пајакот ќе се исплашел. Вресоците се подоцна додадени при монтирањето.

- Реклама -