12 мажи што секоја жена ги посакува

Принцови на бели коњи не постојат, ама следниве примери се веројатно најблиску до таквиот идеал. Не, нема тела и мускули, туку гестови – вештина што во денешно време само најтврдокорните романтичари ја владеат. Еве, ваквиве.

Пол Брокман ѝ има купено 55.000 фустани на жена му. Секој од нив го има одбрано лично тој, бидејќи жена му ич не сака шопинг.

Сопруг ѝ залепил 7.000 стикери на сопругата во спалната. На секој од нив, испишан различен заеднички спомен.

Сопруг направил „направи сам“ букет од цвеќиња од хартија, за да ја изненади сопругата по повод годишнината. Со оглед дека прв пат правел вакви ракотворби, презадоволен е од исходот.

Маж ѝ ја преправил вагата на сопругата за да ѝ покажува само комплименти место бројки.

Добар сопруг знае дека и неговата сопруга треба да се опушти.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Ѝ направил прибор за шминки на девојка му.

Ѝ го направил накитот што сопругата го посакувала, ама немало од каде да се купи (не постоел).

Сакала да има камин за да го украси со божиќни украси. Ѝ направил. Лажен, ама се брои.

Маж дизајнирал и направил дводелен медалјон за Ден на вљубените. На медалјонот е прикажан патот меѓу куќите на парот: од каде што се родиле, па каде што пораснале, па каде што се сретнале.

Ѝ направил кревет-кино-театар од перници.

Немале пари за да ја прослават годишнината во ресторан, па ѝ направил вечера. Мал гест, ама доказ дека и мал гест може многу да вреди кога ќе се потрудиш околу тоа како изгледа.

Го размонтирал омилениот часовник за да ѝ ја направи розата од Убавицата и Ѕверот.

- Реклама -