На ден пред почетокот на состанокот на самитот на земјите членки на Г-20, во германскиот Хамбург непознати сторители запалија 12 луксузни Porsche-а.
Очекувано, сомнежите се дека се работи за анти-Г20 акција. Од Porsche ја проценуваат штетата на износ од преку милион евра. Полицијата во градот и околу него е во полна готовност, бидејќи се очекуваат жестоки демонстрации по почетокот на состанокот. Немирите почнаа уште од раните четврточни часови.