12 граници што треба да се видат

 

Граници – замислени линии што освен држави, знаат да делат и кафулиња, голф терени, Монт Еверест, па и деловни центри. Еве неколку такви.

Германија – Чешка

Граница? Повеќе личи на туристичка атракција.

Норвешка – Шведска

Во Норвешка и Шведска сé делува како да е под конец, па и границата, очигледно.

Полска – Украина

Големата риба ја симболизира токму границата.

Шведска – Финска

Знаевте дека можете да играте голф во две земји истовремено? Ете, во Шведска и Финска.

Аргентина – Бразил – Парагвај

Аргентина – лево, Бразил – десно, Парагвај – горе во средината.

Бразил – Уругвај

Бразил и Уругвај ги дели еден тротоар. Буквално.

Канада – САД

Границата помеѓу Канада и САД поминува низ едно гратче по име Derby Line. Притоа, сече и многу од објектите. Кафулево, на пример.

Белгија – Холандија

Оваа веќе сигурно ја знаете. Слично како во Дерби Лајн, и овде можете да влезете во кафуле во Холандија, а да отидете во тоалет во Белгија.

Непал – Кина

Границата меѓу Непал и Кина минува директно над Монт Еверест.

Германија – Холандија

Границата помеѓу Германија и Холандија минува низ деловниот центар Eurode. Иако поштенските сандачиња се наоѓаат од двете страни на границата, писмата стигнуваат до примачите една недела подоцна.

Русија – САД

Ова е остров помеѓу Русија и САД. Се наоѓа на само 35 километри од Чукотка и Алјаска. Сепак, временската разлика меѓу едната и другата е 21 час.

Кина – Монголија

На границата меѓу Кина и Монголија нема апсолутно ништо необично. А да, освен два диносауруса што се бакнуваат.

- Реклама -