12-годишно момче од Квебек е виновно за хакирањето на неколку владини веб страни во 2012 година. Активностите на момчето не биле политички мотивирани, а добиените податоци ги давал на хакерската група Anonymous во замена за видео игри.
Според полициските експерти момчето користело три различни тактики, DDoS (Denial-of-service), ги менувал податоците на насловните страни и неовластено пристапувал во серверите за да краде информации.
Покрај ова момчето учело и други луѓе како да го прават ова. Тој дури ги предупредувал „учениците“ дека е „лесно да се хакира но не одете таму често, ќе ве откријат“.
Момчето кое на судењето се изјаснило како виновно, поради тоа што е малолетник ќе остане анонимно, а со какава казна ќе добие ќе се знае за еден месец.
Текстот е објавен во соработка со МкКод