Обични нешта кои изгледаат застрашувачки одблизу

Некои работи треба да се гледаат онакви какви што природата ни дозволила да ги видиме.

Сепак,  ако сакаме да ја разбудиме нашата љубопитност и да погледнеме под микроскоп, можеме да се изненадиме од она што се наоѓало пред нас.

Јагода личи на гнездо 

Дали ги јадете со чоколадо или шлаг, јагодите не се само вкусни, туку и секси. Кога ќе размислите подобро зошто е тоа така, ќе се сетите дека во  филмовите не ни покажуваат како женските усни гризаат суров компир, нели?

Одблизу сепак, јагодата изгледа како декор од вонземјанец. Овие светли структури се всушност вистинскиот плод. Влакненцата пак се таму едноставно затоа јагодите треба да бидат влакнести.

Обични нешта кои изгледаат застрашувачки одблизу

Бисквитите со крем се како вирус

Настрана листата со состојките,  во бисквитите нема ништо страшно. Барем додека не ги погледнете под микроскоп.

Зголемена 30 000 пати, една таква бисквита изгледа застрашувачки. Наместо вкусен десерт, таа личи на опасен вирус.

Обични нешта кои изгледаат застрашувачки одблизу

Потните жлезди се портали кон пеколот

Потните жлезди имаат за задача да ја регулираат телесната температура.

Тие едноставно се дупки во кожата, но не и кога ќе ги видиме под микроскоп. Замислете дека сте во еден од оние филмови каде се смалувате  и влегувате во нечие тело. Планирате да поминете  во потните жлезди, но наместо тоа се соочувате со портите кон пеколот.

Обични нешта кои изгледаат застрашувачки одблизу

Виното е гробишта

Виното е најпосакуваниот пијалок на дамите, најверојатно поради неговиот вид: мазно, темно, елегантно црвено, како крвта на некакво величествено суштество.

Повеќето луѓе се свесни дека микроорганизмите му помагаат на виното да ферментира. Заборавиме сепак, дека тие остануваат во него. Фотографот Вилијам ЛеГулон со радост ни ја покажува одбивната вистина, која се крие во чаша црвено вино. Во оваа капка вино, погледната под микроскоп, се гледаат илјадници мали трупови на клетки кои го дале својот живот за да можете вие ​​да се „изгубите“ со стил.

Обични нешта кои изгледаат застрашувачки одблизу

Молецот е златен змеј

Сите сте виделе молец,  па знаете дека не е нешто особено. Ако се погледне одблизу сепак, ќе видите дека наместо него,  има нешто што личи на златен змеј, кој излегол од кинески фантастичен филм. И тоа  зголемен е  само 10 пати.

Обични нешта кои изгледаат застрашувачки одблизу

Рибата зебра како крадец на души

Рибата зебра е малото сребрено нешто што светка на позадината на секој подводен документарен филм. Таа се  продава за околу еден долар, па лесно можете да го наполните аквариумот дома.

Погледнете подетално и  ќе најдете едно чудовиште кое најверојатно се обидува да ве хипнотизира.

Обични нешта кои изгледаат застрашувачки одблизу

Преку камењата во бубрезите природата ви покажува дека ве мрази

Нема друг начин да го објасниме ова: овие камчиња излегуваат право од деликатните  делови и болат пеколно многу. Бубрежните камења може да ги имате поради многу причини, но обично се добиваат кога не пиете доволно течности. Затоа, кога ќе видите како изгледаат под микроскоп, повеќе никогаш нема да заборавате да пиете вода.

Сите овие остри рабови се обликувале од калциум оксалат и формирале кристални формации.

Обични нешта кои изгледаат застрашувачки одблизу

- Реклама -