Зошто ги стерилизираат иглите кога егзекутираат осуденици?

Сме го виделе тоа во филмовите, а е задолжителна пракса и во реалноста. Осуденикот на смртна казна лежи врзан за столот и ги поминува последните мигови во исчекување на леталната инекција. Доаѓа докторот, ја стерилизира иглата и го дезинфицира местото каде што треба да го боцне, со алкохол и памук. Која е логиката на оваа постапка?

Пред се, заради легални причини. За појаснување, пред да бидат вбризгани леталните отрови, на осуденикот му се дава анестезија, која треба да го чува несвесен додека бидат инсертирани останатите хемикалии што ќе го запрат срцето и дишењето. Така, одложување на егзекуцијата може да се случи и во последниот момент. Ако ова е случај, а осуденикот подоцна почине од инфекција, може да следи сериозна тужба против државата – и тоа тужба која државата најверојатно ќе ја изгуби.

DanesExecution[1]

Можеби личи на тешко остварливо сценарио, но историјата говори дека одложувањето на смртната казна во последните мигови е доста честа пракса, иако случаите каде иглата е веќе инсертирана се прилично ретки. Сепак, таков е случајот на Џејмс Аутри, чија егзекуција беше одложена на 30 дена бидејќи во тој момент во Тексас се расправаше за легалноста на смртната казна.

Исто така, во државите каде смртната казна е легална, дозволена е само смрт преку предвидените процедури (електрична столица, смртоносна инекција), но ако смртта настане заради инфекција, тоа би било незаконски чин.

- Реклама -